-Познатата гастрономска платформа TasteAtlas ја прогласи Охридската пастрмка за најдобра во светот на својата најнова ранг листа за оваа вкусна риба, на која се осум видови од целиот свет.
Според истиот извор, станува збор за најценетата пастрмка во светот, салмонидна риба која е ендемичен вид и живее во Охридското Езеро, кое го делат Република Македонија и Албанија, а може да се најде и во реките кои се поврзани со езерото.
– Охридската пастрмка е позната по своето нежно, розево месо и специфичниот вкус, поради што со години се смета за вистински кулинарски специјалитет. Но, поради прекумерен риболов, нелегален лов и недоволни мерки за заштита, нејзината популација е загрозена, потенцираат од Taste Atlas.

Во Jovanoski restaurant by Rajska dolina можете да пробате свежа Охридска пастрмка и да побегнете од градската врева. Остануваме совршен избор за вас, лоцирани во зелен рај на само 15 километри од Охрид кон Битола, или на 55 километри ако доаѓате од Битола кон Охрид, Дојдете во подножјето на живописното село Куратица и уживајте во мирната оаза и опуштени моменти со семејството и пријателите. Рајската долина е и совршена локација за средби со колегите и тим билдинг настани со сопствен, простран паркинг, бескрајно зеленило, свеж воздух покрај Голема река и превкусна храна.
Телефони за информации и задолжителни резервации 078/261-271 и 078/261-281. Побарајте ги и на нивните профили на социјалните мрежи.
Локација: https://h1.nu/1utPW.






