
Одмор, тишина… и најгласните мисли. Зошто? Oна што најповеќе те вознемирува носи важна порака и информација за тоа што ти недостасува. Можеби е баш ова лето право време да побегнеш oд овие мисли
Одморот треба да биде време за мир, уживање и полнење на батериите. Но, кај многу луѓе се случува токму спротивното – наместо олеснување, се појавуваат тага, анксиозност, немир или тешки мисли. Зошто?
Зошто одеднаш ми се плаче поради ситница?
Често е доволна само една мала ситуација да ги отвори насобраните емоции. Солзите не се поради таа ситница – тие се за сè што си премолчувала, трпела и потиснувала со месеци
Зошто на одмор одеднаш ме преплавува тага, иако сè е во ред?
Затоа што исчезнува секојдневната бучава што успешно те одвојува од самата себе. Работата, обврските и постојаното „морам“ се совршен анестетик за тешките емоции. Тагата што со месеци си ја оттурнувала со мислата: „Немам време за ова“, конечно добива простор да биде почувствувана.
Зошто одеднаш ми се плаче поради ситница?
Често е доволна само една мала ситуација да ги отвори насобраните емоции. Солзите не се поради таа ситница – тие се за сè што си премолчувала, трпела и потиснувала со месеци.
Зошто на одмор повеќе се расправаме отколку што уживаме?
Кога ќе успориш, почнуваш појасно да се гледаш себеси, партнерот и односот меѓу вас. Одеднаш стануваат видливи разликите, незадоволствата и пукнатините што во текот на годината останувале незабележани затоа што сте биле преокупирани со обврските.
Од каде ми доаѓаат мислите за минливоста и смртта?
Кога денот е исполнет со обврски, лесно создаваш чувство дека животот е под контрола. Кога тоа темпо ќе запре, остануваш сама со сознанието дека времето минува, дека животот е конечен и дека не можеме сè да контролираме. Иако овие мисли можат да бидат непријатни, тие се дел од човечкото искуство.
Помина половина од одморот, а јас сè уште не успеав да се опуштам.
Почнуваш да броиш колку денови останале до враќањето дома и чувствуваш притисок дека мораш максимално да го искористиш секој момент. Но, ако си навикната постојано да брзаш и сè да има цел и продуктивност, не е лесно одеднаш само да бидеш. Парадоксално, токму притисокот дека мораш да се опуштиш е најбрзиот начин тоа да не се случи.
Заклучок
Одморот не ги создава овие мисли и чувства – тој само им дава простор да се појават. Она што најмногу те вознемирува често носи важна порака за тоа што ти недостасува, што долго си игнорирала или што ти треба за да се чувствуваш подобро. Наместо да бегаш од тие мисли или да се обвинуваш затоа што „не уживаш доволно“, обиди се љубопитно да ги слушнеш. Понекогаш токму непријатните емоции се најискрениот патоказ кон промените што ти се потребни.
Можеби ова лето не е време да побегнеш од своите мисли, туку конечно да се сретнеш со нив.






