Press "Enter" to skip to content

“SILVER MOON“ одбележува 16 години успешна приказна – симбол на стил, квалитет и доверба во Битола

Во срцето на Битола, на Широк Сокак, веќе 16 години SILVER MOON претставува препознатливо име за сите љубители на елегантен накит, модни додатоци и врвен квалитет. Со внимателно избрана понуда, професионална услуга и доверба изградена низ годините, овој семеен бренд успешно ја одбележува својата 16-годишнина. Во SILVER MOON клиентите можат да избираат од богат асортиман на накит од сребро, злато и медицински челик, накит со Swarovski Elements, часовници, очила за сонце и парфеми. Покрај квалитетот, препознатлив белег на продавницата се и љубезниот персонал, атрактивните цени и редовните попусти. Во понудата се застапени светски познати брендови како Daniel Klein, Polo Santa Barbara, Daniel Steel, Sergio Tacchini, Casio и Bigotti, а во летната сезона клиентите можат да изберат и очила за сонце од брендовите Swarovski, Timberland, Skechers, Victoria’s Secret, Polo Santa Barbara, Polar Glare, Ozzie и Avanglion. По повод 16-годишниот јубилеј, SILVER MOON подготви и две ексклузивни новини кои дополнително ја збогатуваат понудата.

Од овој месец, ексклузивно е достапен престижниот шпански бренд Le Carré, кој нуди колекции изработени од 18-каратно злато, украсени со природни дијаманти и скапоцени камења – совршен избор за љубителите на безвременската елеганција, луксузот и врвната изработка. Воедно, понудата е проширена и со новата колекција на очила за сонце Guess, со што SILVER MOON уште еднаш ја потврдува својата определба да ги следи светските модни трендови и да им понуди на клиентите врвен избор. „Во време кога довербата се гради со години, а се докажува секој ден, горди сме што веќе 16 години сме дел од најубавите животни моменти на нашите клиенти. Илјадници семејства нѐ избраа за родендени, матури, дипломирања, веридби, свадби и јубилеи. Зад секое парче накит стои една приказна, а зад секоја приказна – довербата што ни ја даваат нашите клиенти. Благодарни сме за поддршката и продолжуваме да вложуваме во квалитет, новитети и врвна услуга“, изјави сопственичката Милица ЉондевскаШеснаесет години посветеност на стилот, квалитетот и професионалната услуга го направија SILVER MOON едно од најпрепознатливите места во Битола за избор на накит и модни додатоци. Јубилејот е уште една потврда дека традицијата, довербата и современите светски брендови се добитна комбинација што продолжува да ги освојува клиентите.

Фото:Дамијана Ристевска

Текст:Жанета Ристевска