Од полноќ за два денара поевтинуваат бензините, а дизелот поскапува за еден денар. Нова, повисока цена за половина денар ќе има и екстра-лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според ова, максималната малопродажна цена на>
-еуросупер БС-95 ќе биде 91 денар за литар, а
-еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 93 денари за литар.
-дизелот ќе биде 99,5 денари за литар, а на
-екстра-лесното масло за домаќинство 98,5 денари за литар.
Новата малопродажна цена на дизелот е највисока од почетокот на војната меѓу САД и Иран на крајот од февруари годинава. Највисоката цена досега беше онаа што беше одредена од РКЕ на 7 април, од 98 денари.






