Press "Enter" to skip to content

Викендов фестивал на староградска музика во Старата чаршија во Битола

Викендов ќе се одржи 9. по ред традиционален фестивал на староградска музика Битола во Старата чаршија, кој е еден он настаните кои повеќе години се организира во Битола и е дел од годинашниот “Битфест“.

Фестивалот ќе се одржи петок и сабота на плоштадот во Старата чаршија кај Детското студио “Монмартр“.

Според програмата која ја соопшти организаторот предвидена е забава за битолчани и нивните гости и пријатна атмосфера како и изминатите години.Петок 7 август 2026

-Група “Деспина“

-Никола Зацески

-Група “Калабалак“

-Наум Петревски

Сабота 8 август 2026

-КУД “Илинден“, градска традиција -Битола, Крушево и Охрид

-Група “Боеми“