Викендов ќе се одржи 9. по ред традиционален фестивал на староградска музика Битола во Старата чаршија, кој е еден он настаните кои повеќе години се организира во Битола и е дел од годинашниот “Битфест“.
Фестивалот ќе се одржи петок и сабота на плоштадот во Старата чаршија кај Детското студио “Монмартр“.
Според програмата која ја соопшти организаторот предвидена е забава за битолчани и нивните гости и пријатна атмосфера како и изминатите години.
Петок 7 август 2026
-Група “Деспина“
-Никола Зацески
-Група “Калабалак“
-Наум Петревски
Сабота 8 август 2026
-КУД “Илинден“, градска традиција -Битола, Крушево и Охрид
-Група “Боеми“






