Press "Enter" to skip to content

Од полноќ цената на дизелот се намалува за осум, а на бензините за четири денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад информира дека од ноќеска на полноќ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто.

Новата максимална малопродажна цена на:

-еуросупер БС – 95 ќе изнесува 87 денари за литар,

-еуросупер БС – 98 ќе се продава за 89, а

-еуродизел БС (Д-Е В) за 91,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6 денари за литар и ќе изнесува 92,5 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 2,881 денари за килограм ќе изнесува 43,538 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа кај бензините во просек за 6,186 отсто, кај дизелот за 10,435, кај екстра лесното масло за 8,138 и кај мазутот за 7,151 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,0313 отсто.

Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати и оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените и пониско од највисоките утврдени цени.