Press "Enter" to skip to content

“Светот во страници“ – втор по ред саем на книги на НУУБ “Св. Климент Охридски“ Битола (фотогалерија)

На платото пред влезот на Народниот театар Битола свечено беше отворен вториот по ред саем на книги во организација на Универзитетската библотека  “Св. Климент Охридски“ од Битола насловен “Светот во страници“, кој е во рамките на “Битфест“.На свеченото отворање присуствуваше заменик градоначалник на Битола – Марина Крстиќ, градоначаникот на Новаци – Стевче Стевановски, претставникот на министерството за култура и туризам – Афет Јашари.На повеќе штандови се изложени и се продаваат книги од библиотеката “Св. Климент Охридски“ – Битола, како и издавачките куќи “Бата прес“,  “Антолог“, “Едука МК“, “Топер“, “Збор“, “Три“, “Светулка“ и “Сакам книги“. За саемот зборуваше директорката на библиотеката м-р Емилија Стефановска-Давкова која рече:-Битола повторно станува град на книгата, на пишаниот збор, на авторите, издавачите и читателите. Град во кој на едно место се среќаваат знаењето, творештвото, културата и љубовта кон читањето. Особено сме горди што оваа година „Светот во страници“ се проширува и добива уште поголем, национален опфат. Со нас се многу издавачки куќи и индивидуални писатели од цела Македонија, кои со своето присуство овозможуваат Битола во овие денови да понуди илјадници наслови од различни жанрови- од литература за најмладите, преку поезија и романи, до стручна и научна литература, книжевни класици, нобеловци и современи автори. Нашата амбиција е „Светот во страници“ да расте од година во година и да прерасне во препознатлива национална културна манифестација – САЕМ кој ќе биде гордост на Битола, но и значаен дел од културната мапа на Македонија.-Но, нашата мисија е многу поголема од организацијата на еден саем. Една од нашите најважни задачи како библиотека, како културна и образовна институција, ЗНАЧИ ДА ЈА ШИРИ ПОРАКАТА ЗА да работиме на зголемување на читачката култура. Затоа што со секоја прочитана книга го подигнуваме и образовното ниво на нашето општество. НИЕ Треба ние да им покажеме како се сака книгата! А најсилната порака не се зборовите, туку личниот пример! Ако сакаме нашите деца да читаат- треба да нè гледаат и нас со книга во рацете. Ако сакаме да ја сакаат библиотеката- треба ние да ги донесеме во библиотека! Не можеме од нашите деца да бараме навики што самите не им ги покажуваме!На присутните им се обрати и заменик градоначалничката Марија Крстиќ која рече:-Почитувани, присутни, автори, издавачи, читатели, љубители на пишуваниот збор. Саемот  на книгата кој го отвораме вечерва не потсетува дека времето во кое живееме, книгата и понатаму има посебно место во нашето живеење. Книгата не е само збор од страници и зборови, таа е прозорец кон светот, патување низ времето, разговор со мудроста и можноста да се запознаеме себеси и другите. Светот на страниците е можноста на едно место да се сретнат книгата, авторот, издавачот и читателот, а тоа се случува токму сега во Битола, град на културата, уметноста, литературата… Библиотеката и со организација на овој настан ја продолжува мисијата да ја доближи книгата до сите и читањето да биде радост и вредност. Посебно ми е драго што најмладите ја имаат приликата да се дружат со книгата. Претставникот на Министерството за култура и туризам на Македонија, Афет Јашари, рече:-Почитувани гости, издавачи, автори и љубители на книгата ми претставува особена чест и задоволство во има на Минстерството за култура и туризам да ве поздравам на свеченото отворање на вториот саем на книгата “Светот во страници“. Книгата не е само извор на знаење, таа е култура паметење, диховно богатство и мост што ги поврзува генерациите. Во време кога инфорациите се достапни побрзо од било кога потребата од читања, знаење и вистински вредности е уште поголема, особено кај помладите. Минустетството ќе профолжи да ги поддржува и иницијативите кои ја доближуваат културата до граѓаните, го поттикнуваат читањето и создаваат можности за соработка меѓу институциите, авторите, издавачите и целото општество. Вечерва со отворањето на овој саем битолската ризница на научната ризница и пишаниот збор на НУУБ “Св. Климент Охридски“ активно работи на доближување на пишаниот збор како богатсво до сите наши сограѓани, а пред се до нашите најмлади кај кои сите заедно мораме да ја поттикнеме љубопитноста, а си тоа да ги поттикнеме да читаат, беше речено на отворањето.За поубава атмосфера и несекојдневно дружење вечерва се погрижи битолската група “Контраст“. Саемот ќе биде отворен до 17 август.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »