На 27.08.2026 во 15:00 часот на ул. „Прилепска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Ш. (55) од с.Радобор, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ш., при што констатирано било дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.85 промили алкохол во крвта, а притоа учествувал и во сообраќајна незгода. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.08.2026 во 12:55 часот на ул.„Партизанска“ во Битола , полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ж Н.(70) од Битола, бидејќи ги омаловажувал полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.08.2026 во 12:50 часот на ул.„Добривоје Радосавлевиќ” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ц.С.(70) од Битола, бидејќи ги омаловажувал полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






