Press "Enter" to skip to content

Пожарот на Пелистер е ставен под контрола, дежурни екипи кај Грнчари и на превојот Ѓавато

Пожарот што попладнево избувна во Преспа и навлезе во Националниот парк „Пелистер“ Битола во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола.

Успешното спречување на поголема катастрофа била брзата и соодветна реакција од воздух и земја, прецизните надлетувања на “Ер тракторите“ чија интервенција го оневозможи ширењето на пламенот. Истовремено имаше и брза масовна акција на теренот од сите јавни комунални претпријатија, противпожарните служби на Ресен и Битола, екипите на ФЗС и ЦУК и вработените од НП Пелистер.
Сепак, опасноста сè уште не е целосно помината. Од НП „Пелистер“ известуваат дека сите дежурни екипи остануваат на терен за целосно гаснење и спречување евентуално повторно активирање на огнената линија

Во гаснењето беа ангажирани екипи на НП „Пелистер“, ТППЕ Ресен и ТППЕ Битола, ер-трактори и два тима со пинцгауери од Дирекцијата за заштита и спасување, како и механизација од јавните претпријатија од Битола.