Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло, утре мало намалување на температурата

Денес во Битола времето беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата досигна до 35 степени.

Утре, понеделник, 31 август, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата досигна до 32 степени.