Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанка го пријавила сопругот за принуда за полов однос, украдени делови од систем за наводнување

На 28.08.2026 во 09:20 часот во СВР Битола 58-годишна битолчанка пријави дека во семејниот дом, нејзиниот сопруг ја принудил на полов однос, против нејзина волја. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 28.08.2026 во 09:09 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с. Оптичари, битолско, била извршена кражба на делови од систем за наводнување, сопственост на правно лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.