Press "Enter" to skip to content

Школската година започна, среќни училишни денови на учениците, годинава 5 првачиња повеќе од лани

-Учебната година за сите ученици и од основното и од средното образование од Битола ќе трае до 10 јуни со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 17 мај.

Првачиња во Општина Битола има 666, претходната учебна година беа запишани 661 ученик во прво одделение, или 5 првачиња повеќе.

Денес на 1 септември 2025 година во Битола започна новата учебна година, па така во наредните девет месеци џагорот на децата ќе биде вообичаен во школските простории и дворови.

Првачињата во Општина Битола, според податоците од училиштата, ќе ги има 666, претходната учебна година беа запишани 661 ученик во прво одделение, а годинава за среќа имаме повеќе 5 првачиња споредбено со лани. Инаку, вкупниот број на ученици во основните училишта во општината е 6.903 ученици.

Родителите, бабите и дедовците им истурија вода на учениците за лесна учебна година и ги испратија најмилите на училиште, а училиштата ќе организираат свечени приеми на првачињата, со прикладна приредба и запознавање со наставниците и уличиштето.

Учебната година за сите ученици и од основното и од средното образование ќе трае до 10 јуни со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 17 мај. 

Зимскиот одмор за учениците започнува на 31 декември, а завршува на 21 јануари. Летниот пак, започнува на 11 јуни, а завршува на 31 август.

Нека им е среќна новата учебна година на сите ученици.

More from ВестиMore posts in Вести »