Press "Enter" to skip to content

Ако сакате да избегате од градската врева и да вкусите Охридска пастрмка – Jovanoski Bar & Restaurant by Rajska Dolina е вистинското место за вас

-Охрид, градот кој според новинарите на Time Out е „најубавото место во Европа“, во септември е најубав за посета. Помалку гужва, времето е се’ уште убаво, топло и совршено за уживање. Ако сакате да избегате од градската врева, да вкусите Охридска пастрмка и бројни други специјалитети на скара, под сач и фурна – Jovanoski Bar & Restaurant by Rajska Dolina е вистинското место за вас.

На 55 километри од Битола, по патот за Охрид во подножјето на село Куратица, во Рајската долина, се наоѓа “JOVANOSKI” bar & restaurant“. Повелете во Рајската долина, во подножјето на селото Куратица. Уживајте во мирната оаза и дозволете си опуштени моменти со семејството и пријателите. Совршена локација (https://h1.nu/1utPW) за средби со колегите и тим билдинг настани со сопствен простран паркинг, бескрајно зеленило, свеж воздух покрај Голема река и превкусна храна.-Ви препорачуваме свежа Охридска пастрмка и крап од сопствено производство, телешко и пилешко месо на скара, луканец, морски плодови во домашен сос од домати… За гурманите, по претходна нарачка, креираме вистинска кулинарска магија под сач и во фурна. Уште и највкусно ѓомлезе и питулици за максимално уживање. Можеби ќе посакате и авантура со ATV и прошетка по Плаќенска планина, Мазатар, за лично да ја доживеете преубавата природа на регионот, порачуваат домаќините кои ќе ве пречекаат со отворено срце, широка насмевка и подадена рака.

Време е за незаборавно гастрономско искуство во прегратките на природата. Телефони за информации и резервации 078/261-271 и 078/261-281 или на нивните профили на социјалните мрежи