ЈКП „Водовод“ – Битолa известува дека во текот на денешниот ден 07.09.2026 година (понеделник), поради дефект на ПВЦ ф-160, ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од зградите „Ремо“, “Васко Карангелевски“ бр. 64 и 85, како и „Веро“.
При санацијата на дефектот можно е оштетување на велосипедската патека. По завршувањето на работите околу санацијата, патеката ќе биде вратена во првобитната состојба.
Прекинот ќе трае до завршување со активностите.






