На 14.09.2026 во 14:47 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Довлеџик“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 61 годишник од Битола и мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од 45 годишник од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.






