Press "Enter" to skip to content

15 години “Maxi Exclusive“ Битола – јубилеј на успешна приказна, посветеност и доверба (фотогалерија)

-“Maxi Exclusive“ – Битола свечено одбележа значаен јубилеј, 15 години постоење, работа и успешно градење на брендот, кој денес е добро препознатлив меѓу професионалците во фризерската индустрија.

На свечениот настан, во пријатна и празнична атмосфера, присуствуваа голем број гости – роднини, пријатели, деловни партнери и долгогодишни соработници, луѓето кои низ годините биле дел од оваа успешна приказна. Посебни гости на прославата беа и партнерите Serhio Stocca и неговата сопруга Dunja кои специјално допатуваа од Рим, Италија, за заедно со своите пријатели и соработници да го одбележат големиот јубилеј.По повод 15-годишнината разговаравме со Златко Деловски, управител и еден од сопствениците на Maxi Exclusive, кој со посебна емоција  зборуваше и се присети за почетоците.-Приказната започнува на 15 септември 2011 година, кога е оформена фирмата. Ја основаа Димче Ивановски – “Кармен“ и Серџо Штока. Јас  бев назначен за управител и директор, што значи тука сум од самиот почеток. Пред три години Димче Ивановски се повлече од сопствеништвото, па продолжив сам и денес сум еден од сопствениците,  управител и директор на фирмата, раскажа Деловски.Главната дејност на “Maxi Excluzive“ е дистрибуција на професионални козметички препарати за коса, со фокус на познати и квалитетни брендови како “Dickson“, “Maxima“, “Nook“ – надградби на коса. Производите се дистрибуираат исклучиво на големо, а главни клиенти се фризерските салони, со кои компанијата низ годините изгради долгорочни партнерства засновани на доверба, професионалност и квалитет.-Кога ќе кажеме 15 години и ќе погледнам наназад, звучи како многу, но искрено – многу брзо ми поминаа. Секако, зад овие 15 години стои многу работа, обуки и едукации. Имало и тешки денови, но горди сме што создадовме бренд кој е препознатлив и фирма која секојдневно расте, вели Деловски.Токму континуираното вложување во знаење, професионалноста и следењето на современите трендови во фризерската индустрија се меѓу клучните елементи што го одбележаа развојот на “Maxi Exclusive“. Но, како што истакнува Деловски, зад секој успех стојат луѓето  клиентите и нашиот тим. Тие се дел од успешната приказна и без нивната доверба и поддршка немаше да стигнеме до тука.“ Еден од нив е Даниела Палашевска технички секретар и логистичка подршка од канцеларија на “Maxi Exclusive“.-15 години Maxi Exclusive Макси Ексклузив е приказна создадена со визија, посветеност и доверба Пред точно 15 години не денешен ден 15 спетември 2011 година со многу ентузијазам, храброст и верба започна една приказна наречена “Макси Ексклузив“. Денес, кога се навраќаме на првите чекори од 2011 година, чувствуваме голема благодарност и гордост за сè што постигнавме. Од една идеја и една визија создадовме бренд кој со својата работа остави трага во професионалниот свет на убавината. Најпрвин почнавме со еден бренд добро познатиот “Dikson“, кој и ден денес се вбројува меѓу првите брендови за квалитет во козметиката за фризерски опрема и препарати. Потоа како што растеше побарувачката постепено почнавме да увезуваме и други брендови “Nook“, “Puring“, “Evin Rose“, “Kleral“, “lovien“, “Suzan Darnel“ и исто така и “Seiseta“ поранешна “EURO SOCAP“ бренд кој се занимава со преработка на природна коса која се користи како надградба, за дополнително разубавување кај жените. Сите овие брендови се со потекло од Италија. И така полека, но сигурно, од трговија на мало, во 2023 година преминавме во трговија на големо. Со повеќе од 700 артикли во асортиманот. Од април годинава имаме уште еден новитет тоа е брендот “Gabri“ – турски бренд, со предизвик да навлеземе и во берберските професии, да понудиме поинаков квалитет и разновидност на препарати за нега на брада и лице, со тоа нашиот асортиман се зголеми за уште 100 артикли. Поминавме низ различни фази, се соочивме со бројни предизвици и пазарни промени, но секоја пречка ја претворивме во лекција, а секој предизвик во нова можност.-Исто така, секогаш ги подржуваме сите млади фризери и бербери кои допрва навлегуваат во индустријата за убавина. Подготвени сме за нови инвестиции, за нови пазари и за нови победи. Верувам во нашиот потенцијал, нашиот тим и сигурна сум дека најдобрите поглавја од нашата приказна допрва ќе бидат напишани. Голема благодарност до сите кои присуствуваа на прославата за обележување на овај наш посебен јубилеј, додаваат од “Maxi Exclusive“.Серџо Штока допатува со сопругата Дуња специјално за прославата на јубилејот.

-Посебно ми е драго што сум денес во Битола. Патував цела ноќ од Италија, но за мене воопшто не беше тешко, затоа што сакав по секоја цена да бидам тука и заедно со Златко, Данијела и Дарко да го прославиме овој голем момент – 15 години “Maxi Excluzive“. Овие 15 години за мене се многу повеќе од бизнис. Тоа се години исполнети со пријателство, доверба, заеднички моменти, убави спомени, но и предизвици што заедно сме ги надминувале. Кога ќе се навратам на почетоците, ми се враќаат многу убави спомени и навистина сум горд на сето она што го создадовме заедно. Најубаво е кога после 15 години можеш да кажеш дека не си стекнал само деловни партнери, туку и вистински пријатели. Уживам во овие наши први 15 години и од срце верувам дека ова е само почеток. Ќе има уште многу убави приказни, уште многу успеси и, сигурен сум, уште најмалку трипати по 15 години заедно! Со среќа за Maxi Excluсive и за сите луѓе кои беа и останаа дел од нашата приказна!, вели Серџо Штока.15 години Maxi Excluzive се 15 години посветеност, професионалност, партнерства и градење доверба. Јубилеј кој не е само поглед кон досегашниот успех, туку и поттик за нови професионални предизвици и уште посилна иднина. Од компанијата велат дека продолжуваат со истото темпо – со нови производи, нови едукации и уште поголема посветеност кон своите клиенти и фризерската професија.

Честит јубилеј Maxi Excluzive! Нека следните 15 години бидат уште поуспешни.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

Линк за фотогалерија: 

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1712831183889034&set=pcb.1712833277222158