УКЛО трета година по ред бележи раст на бројот на новозапишани студенти на прв циклус студии. По двата уписни рока, на Универзитетот „Св. Климент Охриски“ – Битоа запишани се 1.062 студенти, 77 повеќе од минатата година, што претставува раст од речиси 8 проценти.
Менаџментот на УКЛО оценува дека во услови на континуиран пад на бројот на матуранти во државата, зголемениот интерес за УКЛО претставува значаен резултат и потврда за довербата на младите во Универзитетот, неговите студиски програми и можностите што ги нуди.
– Ги повикуваме сите кои сè уште се двоумат да ја искористат можноста и да се запишат во третиот уписен рок. Со изборот на УКЛО, студентите стануваат дел од големо академско семејство кое денес ги надминува границите на Универзитетот и на државата, посочува ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски. Со запишувањето на УКЛО, студентите стануваат дел од КОЛОРС Алијансата – европско академско семејство што обединува девет универзитети и околу 126.000 студенти https://uklo.edu.mk/colours/.
Членството во Алијансата за студентите на УКЛО овозможува меѓународна мобилност, размена и студирање на партнерските универзитети, а во иднина и можни двојни и заеднички дипломи.
Третиот уписен рок е нова можност за незапишани кандидати да го изберат УКЛО и да бидат дел од европското академско семејство КОЛОРС. Пријавувањето е на 23 и 24 септември 2026 г. https://uklo.edu.mk/blog/upisi-2026-27/






