Press "Enter" to skip to content

“Lidl“ ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет (фото)

-Денеска со свечено поставување на камен-темелник, компанијата Lidl официјално го означи почетокот на изградбата на својот втор продажен објект во Битола.

Додека првиот маркет на компанијата во градот е веќе во финална фаза од изградбата, со овој нов проект Битола станува еден од клучните места во земјава каде што Lidl ќе овозможи современо и модерно шопинг искуство преку повеќе продажни локации.Оваа инвестиција претставува уште еден значаен и конкретен чекор во реализацијата на долгорочната стратегија на Lidl за развој на сопствена продажна мрежа во Северна Македонија. Преку паралелни инвестиции на повеќе локации ширум земјата, компанијата гради модерна малопродажна и логистичка инфраструктура со цел да ги направи своите производи и услуги лесно достапни за сите потрошувачи.Во своето обраќање пред присутните, Катарина Зориќ, директорка за недвижности во Lidl Северна Македонија, го истакна бизнис-моделот на компанијата кој се темели на развој на сопствени објекти изградени според највисоките меѓународни стандарди.-Ние инвестираме во изградба на сопствени објекти, што значи дека секој маркет го градиме од самиот почеток, со примена на строги стандарди за квалитет и внимателно планирање на сите сегменти од неговата реализација. Нашата цел е да создадеме широка и функционална мрежа на маркети, со највисоко ниво на квалитет, енергетска ефикасност и одржливост, како и решенија што нудат пријатна средина за потрошувачите. Веруваме дека нашите потрошувачи треба да имаат и понуда на најквалитетни производи по пристапна цена кои ќе ги купат во објекти каде ќе имаат комотно и пријатно искуство како наши клиенти.Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека вториот маркет на Lidl е значајна инвестиција за градот, која носи придобивки за локалната економија и потрошувачите, но и потврда дека Битола е град во кој компанијата препознава потенцијал.-Задоволство е што денеска го означуваме официјалниот почеток на изградбата на вашиот, а и нашиот Lidl маркет, втор во Битола. Велам нашиот затоа што верувам дека битолчани со нетрпение очекуваат да се изгради, а потоа и да се отворат вратите на овој препознатлив бренд. Оваа значајна инвестиција ќе биде додадена вредност за битолската економија, ќе придонесе за отворање нови работни места и ќе обезбеди квалитетна понуда за потрошувачите, а воедно ќе отвори можности за партнерства со домашни компании. Ви благодарам што по втор пат ја избравте Битола и со нетрпение очекуваме да ги отворите вратите за сите нас, изјави Коњановски.Основни карактеристики на новиот маркет во Битола:

-Современа градежна концепција: Изградба по највисоки стандарди за енергетска ефикасност и еколошка одржливост на простор од 5 288 м².

-Простран и функционален распоред: Современо уредена продажна сала од 1 546 м² за пријатно искуство при пазарењето.

-Пристапност и паркинг: Обезбедени 108 паркинг места за удобно пазарување на нашите клиенти.

-Зелена површина: Над 20% од парцелата е предвидена за хортикултурно уредување и зеленило.Како дел од Schwarz Group, еден од водечките европски синџири во малопродажбата на храна, Lidl управува со околу 12.900 маркети во 31 држава и вработува над 395.000 луѓе.

Фото: Дамијана Ристевска

Линк за фотогалерија: 

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1720948399743979&set=pcb.1720948746410611