Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)

-Пробивање на улицата “Широка“ пред 10 години беше проект на локалната самоуправа, а истиот беше и е од големо значење за жителите на овој дел од Битола. Проектот опфаќа изградбата на коловоз на два краци од оваа улица во должина од 826 метри, во мошне специфичен дел на градот, започн со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Вкупната вредност на проектот за комплетна инфраструктура на улицата “Широка“ тогаш изнесуваше над 30 милиони денари и преставуваше дел од проектот “Изградба на над 100 улици“ во општина Битола.

Претходно се сработи во овој дел од градот и се направи улицата “Кукуш“, што има за улога за мала обиколница со цел да се намали и гужвата по главните улици во овој дел на градот.

More from БитолаMore posts in Битола »