Битола доби ново место за љубителите на гиро “Gyro House“. На Плоштад Магнолија, во срцето на Битола, од денеска, 1 октомври, започна со работа четвртиот ресторан на “Gyro House“ во Македонија.
“Gyro House Bitola“ е замислен како модерен fast-food ресторан во кој брзината, технологијата и конзистентниот квалитет се спојуваат во едно.
Еден од најинтересните новитети се self-service касите, преку кои гостите можат самостојно и едноставно да ја направат својата нарачка. Дополнително, во кујната се применуваат роботизирани процеси во подготовката на гиро, како дел од современиот и оптимизиран начин на работа.
А кога станува збор за понудата – љубителите на гиро имаат на што да се радуваат. На менито се добро познатите “Gyro“, “XXL Gyro“, “wrap-ови“, “nuggets“, “onion rings“, помфрит и други производи, а “XXL Gyro“ и понатаму останува еден од заштитните знаци на брендот.
Зад целиот процес стои стручен тим од 10 лица, кој се грижи на секоја нарачка да и биде посветено внимание и гостите да го добијат препознатливото “Gyro House“ искуство.
Од “Gyro House Bitola“ рекоа:
-“Gyro House“ на 1 октомври го отвори својот четврти ресторан во Македонија, на плоштад “Магнолија“ во Битола. Отворањето на ресторанот во Битола е уште еден чекор во ширењето на “Gyro House“ низ Македонија. По трите постоечки локации, брендот сега пристигнува и во градот под Пелистер, со концепт кој ги обединува препознатливиот производ и современиот начин на услуга. Со нашиот четврти ресторан продолжуваме да инвестираме во нови локации, современа технологија и стручен тим. Во Битола воведуваме “self-service“ каси и роботизирани процеси во кујната, со цел да понудиме побрза услуга, конзистентна подготовка и истото препознатливо “Gyro House“ искуство, без разлика дали станува збор за класично гиро или добро познатиот “XXL Gyro“.
Со новата локација на плоштад “Магнолија“, “Gyro House“ не само што го проширува своето присуство, туку носи и поинаков пристап кон “fast-food“ услугата.
Битола, време е за вистинско гиро!
Фото: Дамијана Ристевска
Линк за фотогалерија:
https://www.facebook.com/photo?fbid=1729847285520757&set=pcb.1729848168854002






