ЈКП „Водовод“ – Битола ги известува граѓаните дека започнува со организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за корисниците, водомерите и водоводните приклучоци.
Во првата фаза, теренските екипи ќе започнат со работа во следните региони: Долно Оризари, Буковски Ливади и Стара Битолска Чаршија.
Ги замолуваме корисниците од овие подрачја да овозможат слободен и безбеден пристап до водомерите и, доколку е потребно, да бидат достапни за проверка и усогласување на корисничките податоци.
Акцијата ќе продолжи етапно и во останатите региони, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани.
Ви благодариме за соработката.
Заедно за посигурно водоснабдување!






