Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: кривична за “даночно затајување“, тешко повреден моторциклист откако удрил во заштитна ограда

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Т. (58) од Битола и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Првопријавениот, како управител и сопственик на второпријавеното правно лице, во текот на 2024 година не ги водел точно евиденциите на документацијата како даночен обврзник и неправилно и неточно ја пресметувал обврската да плати ДДВ во соодветниот даночен период со вкупен износ од 4.787.025 денари без пресметана камата.

На 07.10.2026 во ОВР Ресен е пријавено дека околу 15:00 часот на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Дервен“ на делницата Макази-Ѓавато, Ѓ.К. (38) од Битола, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во заштитната ограда. Во несреќата, Ѓ.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен.