На 07.10.2026 во 00:05 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 47 годишник од Битола затоа што во семејниот дом во Битола физички го нападнал синот, сопругата и братот, при што им нанел повреди. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 07.10.2026 во 14:10 часот на бул. „1 Мај” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Г.В. (60) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „опел” со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.В., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






