На 24.10.2026 во 02:30 часот во СВР Битола, В.Б. од Битола пријавил дека во угостителски објект на ул. „Илинденска” бил физички нападнат од лице, исто така, од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 24.10.2026 во 00:50 часот во СВР Битола, М.Ѓ. (40) од Битола пријавил дека неговата 12-годишна ќерка и нејзина другарка пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола биле физички нападната од малолетник и се здобиле со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 24.10.2026 во 01:08 часот на ул. „8 Септемвски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.В. (18) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.В., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






