Денес се асфалтираше улицата „Панде Кајзеро“ во Битола каде извршена е целосна реконструкција на мешовита канализационата мрежа со вкупна должина од 360 метри.
Канализацијата е изведена во два краци, крак 1 со приклучок кон ул. „Илинденска“ и крак 2 со приклучок на улицата „7-ми јули“. Вкупната инвестиција од 3.210.348 денари е преку првиот владин повик.
Во текот на изведбата се појави потреба од проектирање и изведба на три потпорни ѕидови со вкупна вредност од 1.653.198 денари.
Исто така се изврши отстранување на постоечката камена коцка по што следуваше асфалтирање на улицата заедно со паркинг простор до вкупна должина од 388 метри со вредност од 5.310.060 денари, исто преку првиот владин повик.
Оваа улица од 1952 година досега беше со коцка и немало никаква инфраструктурна интервенција. Од денеска таа е со асфалт






