Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: со “пајак“ ќе се подигнуваат и возила на зелени површини, хаварисани и нерегистрирани возила

Секторот за внатрешни работи Битола, во координација со Општина Битола и ЈП „Паркинзи“ – Битола, ја информира јавноста дека во идниот период ќе спроведува активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот на подрачјето на  Битола.

Во рамки на активностите, во функција ќе биде ставена пајак-службата, која ќе врши отстранување на паркирани возила спротивно на сообраќајните правила и прописи, возила оставени на зелени јавни површини, хаварисани и нерегистрирани возила, како и предмети од јавни површини.

Целта на овие активности е зголемување на безбедноста во сообраќајот, обезбедување непречено движење на пешаците и возилата, како и заштита на јавните и зелените површини.

Апелираме до граѓаните навремено да ги отстранат своите возила од непрописно зафатените паркинг-простори и зелените јавни површини за да избегнат санкционирање и отстранување на возилата.

СВР Битола упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со своето одговорно однесување и да придонесат за побезбеден град.