Press "Enter" to skip to content

Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели

Паркирањето во Битола беше бесплатно по повод одбележувањето на „Роденденска Битола“ на 4 ноември, но голем број граѓани сепак испратиле СМС-пораки за плаќање паркинг.   Според податоците на јавното претпријатие, во текот на денот кога паркирањето било бесплатно, вкупно 1.363 корисници испратиле 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите.

Од „Паркинзи Битола“ соопштија дека средствата собрани од овие пораки нема да бидат задржани како редовен приход од паркирање, туку во целост ќе бидат префрлени во приходите од хуманитарните паркинзи.

Со ваквата одлука, средствата уплатени од граѓаните на денот кога паркирањето било бесплатно ќе добијат хуманитарна намена, наместо да бидат третирани како вообичаена наплата на паркинг-услуги.

More from ВестиMore posts in Вести »