Press "Enter" to skip to content

Македонската и француската химна одекнаа во Коломбел во чест на жртвите од Првата светска војна

-Со интонирањето на македонската и француската химна започна комеморацијата во Коломбел по повод 108-годишнината од примирјето со кое заврши Првата светска војна.

На покана на градоначалникот на Коломбел господинот Марк Потиеа на церемонијата присуствуваа претставници на македонско-француските здруженија „Илинден 1903“ и „Заборавени Македонци“, членови на македонската заедница во Франција, како и амбасадорот на Македонија во Франција, проф. д-р Игор Николов, придружуван од делегација на Амбасадата.Во Градината на сеќавањето и мирот присутните им оддадоа почит на загинатите војници и на цивилните жртви од Првата светска војна.

Спомен-обележјето, со натписи на француски, германски и македонски јазик, претставува симбол на сеќавањето, помирувањето, мирот и пријателството меѓу народите.Повеќе од еден век по завршувањето на Големата војна, пораката од Коломбел останува актуелна: сеќавањето на жртвите не претставува само оддавање почит кон минатото, туку и обврска кон идните генерации да ги негуваат мирот, солидарноста и пријателството меѓу народите.

Смиле Петровски

Претседател на француско-македонско здружение ”ИЛИНДЕН 1903“

More from ВестиMore posts in Вести »