Press "Enter" to skip to content

SKIN, SHAKEN. Во петок, на коктели и бесплатна анализа на кожата во “Тигре“

“BODY M“ од Битола и “Yeppeuda“ од Скопје ве канат на отворено дружење посветено на негата, со бесплатна анализа на кожата, персонални препораки и три коктели создадени за оваа вечер. Серум купен по препорака на другарка. Крема што изгледала убедливо на Инстаграм. Уште едно шишенце на полицата во бањата, со кое никогаш не сте биле сосема сигурни што да правите.

Колку од козметиката што ја купуваме навистина ни одговара? Токму од ова прашање започнува “SKIN, SHAKEN“, настанот што “BODY M“ го организира во соработка со “Yeppeuda“ и Café Tigre, во петок, 20 ноември, од 18 до 20 часот.

Идејата е да се собереме, да научиме нешто за сопствената кожа и следниот пат кога ќе избираме козметика, да знаеме зошто посегнуваме токму по одреден производ. “BODY M“ ја носи својата најнова инвестиција во негата, професионален анализатор за кожа.

Посетителите ќе можат бесплатно да направат анализа и со тимот да разговараат за својата секојдневна рутина. Снимките ја прикажуваат текстурата, пигментацијата и разликите во тонот на лицето, а разговорот продолжува со препораки за нега и избор на соодветни препарати.

За Миме и тимот на “BODY M“, новите обуки, техники и технологии се дел од постојаното вложување во услугите што ги нудат. Со анализаторот, консултацијата добива и визуелен приказ. Клиентите можат одблизу да ја погледнат својата кожа и да постават конкретни прашања за она што ги интересира.

Специјално од Скопје доаѓа Стефанија Лузевска, основачката на “Yeppeuda“. Нејзината приказна започнала во 2020 година, од љубов кон корејската култура и козметика. Името Yeppeuda на корејски значи „прекрасна“, а денес нејзината селекција обединува 30 козметички брендови. Во Тигре, Стефи ќе го сподели своето искуство во изборот на производи, со посебен акцент на корејската и јапонската нега. Ќе разговараме за состојките, текстурите и навиките, за производите што вреди да ги задржиме и за оние што непотребно ја усложнуваат нашата рутина. Добра можност конечно да го поставите и прашањето што обично ви текнува дури откако ќе ја отворите новата крема.

А “Café Tigre“ е одличното место за ваква средба. Место за собирање со пријателите, запознавање нови луѓе и разговор што лесно продолжува со уште една нарачка. Овој петок, меѓу масите ќе се разменуваат и искуства со козметика, препораки и по некоја искрена приказна за погрешно купување.

За вечерта се осмислени и три коктели. “The Close Up“ е посветен на “BODY M“, “Yeppeuda Sour“ на гостинката од Скопје, а “Tigre After Six“ е потписот на домаќинот. Изберете го својот и придружете се на дружењето.

Настанот е од отворен тип. Сите се добредојдени на бесплатна анализа на кожата, препораки за нега и разговор со Миме и Стефи.

Понесете ги прашањата. Повикајте ја другарката. Се гледаме во “Тигре“.

Петок, 20 ноември ,од 18 до 20 часот “Café Tigre“, Битола.