Press "Enter" to skip to content

Прогласени добитниците на наградите за најдобро уреден двор во Општина Новаци!

Општина Новаци ги објавуви добитниците на наградите од претходно објавениот јавен повик, преку кој ја поттикнавме грижата за уредена, чиста и поубава животна средина.

Прва награда – 30.000 денари: Благоја Пановски од Новаци

Втора награда – 20.000 денари: Снежана Дојчиновска од Новаци

Трета награда – 10.000 денари: Флорин Стојковски од Добромири

-Честитки до наградените и благодарност до сите учесници кои со својот труд, посветеност и грижа придонесуваат за поубав изглед на нашите населени места. Заедно создаваме почиста, позелена и поубава Општина Новаци!, порача градоналаникот на Новаци, Стевче Стевановски.