Синоќа во свечената сала на Офицерски дом во Битола се одржа Гала концерт по повод прослава на јубилејниот 5. Меѓународен фестивал по кларинет и саксофон на Камерниот битолски оркестар и нивните гости.
На “СаксКлар 2022“ настапија светски реномираните Статис Мавроматис (Грција) – саксофон и Давор Реба (Хрватска) – кларинет, заедно со Камерниот Оркестар на Битола.
Организатор на вечерашниот настан беше реномираниот битолски саксофонист Горан Трајковски, а настапија и Нинослав Димов на саксофон, како и кларинетистите Стојан Димов и Спире Јовановски.
Диригент на Камерниот битолски оркестар Владимир Димовски, а на програмата беа изведени дела од Mozart, Бранѓолица, Debussy, Crepin и др.
[ngg src=”galleries” ids=”1050″ exclusions=”11482″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]










