Истече забраната на лов на крап, клен и сом на рекреативната зона акумулација “Стрежево“ со која стопанисува ЈП “Стрежево“ од Битола, и од вчера 15 јуни е дозволен ловот на сите видови на риби до 1 октомври 2022 година (кога започнува забраната на лов за видот пастрмка). Продолжување на ловостојот нема да има.
Ова претпријатието во изминатиот период го реализираше искористувањето на водите на начин што перманетно ги задоволи основните потреби на водокорисниците (водоснабдување и наводнување), а притоа немаше поголеми осцилации на водостојот во акумулациониот простор, и со тоа се спречија можните негативни импликации врз мрестот на рибите.цВаквиот пристап и успешниот мрест во 2022 година треба позитивно да делува врз самата густина на поголемите рибните популации застапени во акумулацијата, во периодот пред нас.
ЈП „Стрежево” – Битола како концесионер и правен субјект кој стопанисува со акумулацијата „Стрежево”, создаде максимални предуслови за сезоната на мрест на поважните видови на риби и оптимална заштита на рибниот фонд.