Како и секога година и денес на 16 јуни, во Битола, со полагање на цвеќе пред бистите на Коле Канински и Јосиф Христовски – Ѕвончарот пред Апелациониот суд во Битола, битолските адвокати го одбележаа 16 јуни Денот на македонската адвокатура. -77 години независна македонска адвокатура. Во далечната 1945 година по предлог одлука на тогашниот министер за правосудство Д-р Павел Шатев, е формирана Скопска адвокатска комора со надлежноста на федерална Македонија.
-Битола е традиционален град на адвокатурата, уште од почетокот на формирањето на адвокатската комора уште во 1945 година биле запишани адвокати од Битола, така да и до денес тој тренд продолжува Битола да биде град на правото, град на адвокатурата и да дава значаен придонес во борбата за правната држава, изјави Адвокат Иван Рутевски – претседател на Адвокатската заедница од Битола.
По овој значаен повод битолските адвокати го посетија и вечното почивалиште на д-р Павел Шатев, во Светонеделските гробишта и положија цвеќе во знак на благодарност и почит кон неговото дело.
Адвокатската заедница Битола е прогласена за една од најактивните заедници во нашата држава во склоп на АКРМ и активно соработува со Адвокатската комора од Крагуејвац Р.Србија, каде што непосредно пред овој настан во посета на истата беа неколку адвокати претставници од нашата адвокатска заедница.

Во Битола, одбележани 77 години од основањето на македонската адвокатура
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)