Вечерва, 19 јуни во Битола започнува 14 издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ 2022“, а свеченото отворање на новото издание на БИТ ФЕСТ 2022, а започнува од античкиот театар Хераклеја Линкестис, со концерт на нашата битолчанка, Каролина Гочева
Оваа година, Општина Битола, посветува посебно внимание на поддршка и промоција на македонската културна сцена, традиционалните манифестации и содржини и висококвалитетните филмски, театарски и други сценски уметности, кои ќе овозможат квалитетни културни настани и активен културен живот во Битола, за сите генерации, во текот на целото лето.