Синоќа во дворот на МКЦ Битола беше отворено 21. издание на “Битола отворен град“ кој годинава, како велат организаторите на Фестивалот годинава целосно е посветен на новата генерацијата, популарно наречена “Gen Z“ и новиот свеж бран кој таа со себеси го носи.
Токму и младите волонтери во МЦК Битола ги изговорија слоганите “Градот е сега и овде“, “Градот не е нем“, “Градот се журка“, “Градот се сака“, “Градот е отворен“… и со тоа и неофицијално беше отворен фестивалот.
-Во годината кога МКЦ Битола одбележува 25 години од своето постоење го реализираме 21вото издание на фестивалот Битола отворен град спаковано во ново руво. Го подаруваме фестивалот на младите во градот и регионотсо силно уверување дека Битола имала и ќе има авангардна младина и критична маса подготвена за големи предизвици, рекоа од МКЦ Битола.
Младите волотери, членовите на МКЦ Битола, гостите и намерниците синоча имаа прилика да уживаат во целовечерната журка за која музиката беше избор на “BAD JUJU B2B JOSS“, а се освежуваа во летната ноќ со пијалоците на “Beer bar“ & “Triciklo“.
[ngg src=”galleries” ids=”1066″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]










