Вчеравечер во Офицерски во Битола беше промовирана книгата „НАДВОР ОД ВРЕМЕТО“ на Лили Бошевска со песни инспирирани од делата на светски познатиот уметник Виктор Мануел Хернандез Кастиљо од Мексико, кој беше гостин на промоцијата со своја изложба.
-При првата средба со неговите дела зачекорив во светот на Виктор Мануел, ми поитаа стихови кои ја создадоа првата песна. Љубопитноста и силината на доживувањето ме одведоа во потрага по нови, за мене неоткриени светови кои ми ја отворија имагинацијата” – рече авторката Лили Бошевска.
Овој поетско-ликовен настан е организиран во рамките на Меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ на која деновиве творат ликовни уметници од Виетнам, Мексико, Естонија, Романија, Кина, Србија, Бугарија и Македонија.
За утре е најавен настанот, „Ден на уметноста“, во чест на Благоја Стефановски-Баге, еден од бардовите на македонската култура што ќе се реализира на една посебно избрана локација – мало село Ротино.

Во рамките на меѓународна ликовна колонија “Де Ниро“ промоција на книгата Надвор од времето
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
- СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори
More from КултураMore posts in Култура »
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола









