Министерот за здравство, д-р Беким Сали денес го посети Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, каде е ставена во функција нова сензорна соба – прва од ваков тип во овој регион и опремена со најсовремена опрема согласно стандардите во оваа област.
Инвестицијата е во вредност од 3.7 милиони денари, од кои околу 3.5 милиони се инвестирани во најсовремена опрема, а останатите средства за адаптација на просторот.
-Ова е навистина значајна инвестиција што придонесува за поуспешна, а пред се и поолеснета рехабилитација на децата со сензорна дезинтеграција, истакна министерот Сали.
Директорката на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, Дивна Живодариќ – Најдовска на гостите им зборуваше за историјата на Заводот кој има 55 години традиција, а моментално тука се лекуваат околу 300 деца, а сите тие ќе ја користат сензорна соба, која ќе им помогне многу во лекувањето.
Најдовска им додели благодарници на Министерот и неговиот заменик Владимир Рендевски, како и на Стопанската комора на Македонија и Клиничка болница од Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”1079″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






