Синоќа во Битола, на сцената на Народниот театар беше спуштена завесата на годинашниот 8. по ред, “Битола Шекспир фестивал“, кој беше отворен на 25 јуни, под мотото на фестивалот „Thought is free“ (Мислата е слободна), преземено како цитат од „Бура“ на Шекспир.
На неколку сцени во Битола настапија театри од Полска, Црна Гора, Албанија, Италија и Бугарија, а ансамблот на Драмски театар “Иван Радоев“ од Пловдив, синоќа со претставата „Хамлет“ го затвори годинешниот “Битола Шекспир фестивал“.
Во “Хамлет“ настапија бугарските актери Антони Пенев, Лубо Неиков, Генадиј Николов, Ива Николова, Адријан Филипов, Асен Данков, Васил Витанов, Ленко Гурков, Сергеј Константинов, Ованес Торосјан, Георги Ангелов, Валентин Василев, Маријан Стефанов, Михаил Михаилов, Иван-Алекс, Иван-Алекс Ерменкова, Мариета Калупова, Петјо Крастев, Георги Енчев и Александар Канев.
-Среќни сме што се случува “Битола Шекспир Фестивал“ после двегодишна пауза, што сме сите заедно и што ќе се сретнеме со интернационални уметници од повеќе земји и што ќе ги отвориме вратите на нашиот театар, пред отворањето на Фетсивалот, рекоа Лина Чоревска, уметнички директор и Иван Јерчиќ, директор на Народен театар Битола.

Заврши 8. издание на “Битола Шекспир фестивал“ со Хамлет на театарот од Пловдив (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Верица Недеска и Игор Ангелов со “Љубовни писма“ во интимна театарска вечер во “UTOPIA“ во Битола
- Во Битола променливо облачно, температурата до 12 степени
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Од полноќ бензинот ќе се продава со +7, дизелот +6,5 денари
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
More from КултураMore posts in Култура »
- Верица Недеска и Игор Ангелов со “Љубовни писма“ во интимна театарска вечер во “UTOPIA“ во Битола
- Давор Неќак, баритонот од Битола ќе дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит
- Од роман до кино: „Оркански височини“ и границата меѓу литературата и филмот
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика









