Press "Enter" to skip to content

Австралиска компанија има потреба за програмери за Augmented Reality (повеќе позиции) + Тим лидер (Битола)

Tradiebot Industries е компанија која развива иновативни решенија за дигитална трансформација кон Industry 4.0 концептот, во соработка со водечки светски универзитети и партнери од индустријата. Развиваме дигитални системи кои ќе значително ќе ги забрзаат рутинските но и комплексните работи во индустријата и ќе овозможат виртуелно учење во проширена реалност обезбедувајќи кадри со потребните вештини во различни индустриски сектори.

Тековно работиме на неколку проекти со партнери кои се лидери во различни индустриски сектори, меѓу кои и PPG Industries, каде развиваме платформа за тренинг на вработените во виртуелна и проширена реалност.

Со седиште во Sydney и иновациски центар во Riverwood, Australia, имаме развојни единици и во Melbourne, Brisbane, Adelaide и Perth.

Во фаза сме на отворање на развоен центар и канцеларии во Битола, каде планираме да вработиме инженери за развој на апликации за проширена реалност (Augmented Reality). Бараме талентирани индивидуалци од дипломирани студенти, искусни инженери па се до проектни лидери со искуство во областа, способни да управуваат со развојот на state-of-the-art софтверски решенија во AR.

Во моментов сме фокусирани на првата AR платформа која претставува “game changer” во индустријата за поправка и сервисирање на автомобили.

Обврски и одговорности

-Дизајн на прототипи со користење на најнови AR и machine learning технологии
-Интеграција со third party алатки и развој на нови решенија
-Развој на интерактивни графички (анимирани) елементи и интерфејси за компјутерски-потпомогнат дизајн и решенија за визуелизација на податоци
-Учење на нови развојни платформи за развој во AR

Квалификации:

-Универзитетска диплома од компјутерски науки и инженерство, развој на видео-игри, системско инженерство, електротехнички науки или еквивалентни квалификации.
-Искуство во развој на софтвер за VR и AR (Unity, Vuforia)
-Искуство со платформи за управување со верзии и репозиториуми
-Познавање на 3D моделирање, оптимизација на модели и CAD/CAM платформи (Blender, Maya, 3DS Max)
-Искуство и познавање на развој на алгоритми во Python, Matlab, и/или Java/C/C++/C#
-Одлични комуникациски вештини и познавање на англиски јазик
-Вештини за организација на време

Предност :

-Искуство во развој на VR/AR/Mixed Reality системи
-Докажано искуство во C#, Python and Java
-Експертски познавања од Unity3D
-Искуство со хардверски платформи за VR/AR Oculus Rift, HTC Vive, и Microsoft Hololens
-Искуство во развој на Android мобилни апликации
-Познавање на Unreal, CryEngine и AR Toolkit
-Напредни знаења од софтверски платформи за процесирање на слики

За одредени кандидати ќе овозможиме спонзорство за работна виза или усовршување во Австралија, како дел од нашиот иновациски центар во Сиднеј.

Аплицирање:

испратете CV на nikola.rendevski@tradiebot.com

www.tradiebot.com

Related News
https://www.roboticstoday.com.au/robotics/industrial-robots/Industry-4-0-training-system-launched-for-auto-industry/

Swinburne kick-starts $1.2 million automatic 3D printed car repair service