Press "Enter" to skip to content

Во Магазата се одржа мултимедијалниот настан на колонијата “Де Ниро“ (фотогалерија)

Вечерва беше отворен мултимедијалниот настан во Магазата во организација на Меѓународната колонија “Де Ниро“ а во кој имаше неколку случувања.

Во рамките на настанот беше промовирана книгата на Бранислав Николов, фротменот на групата “Фолтин“ насловена како “Креветизам и хоризонтала“ – “Пијан Славеј“. Изданието е како вели авторот книже-поезија во издание на издавачката куќа “Прозарт“.

По промоцијата на книгата следуваше доделувањето на двете повелби за почесни членови на колонијата и тоа на сликарите Миро Масин и Сергеј Андреевски, кој им ги додели организаторот на колонијата Силвана Филевска, од име на двајцата добитници на ова признание на колонијата се заблагодари Сергеј Андреевски.

На мултимедијалниот настан беа отворени две изложби на слики кои беа поместени во двата ката на “Магазата“.
За изложбата на учесниците на минатогодишната изложба “Де Ниро 2017“ зборуваше Владо Ѓоревски – Рафик, кој и ја прогласи за отворена.

Ѓоревски нагласи дека со најзаслужните за организирање на колонијата, брачниот пар Филевски и со членовите на уметничкиот совет се договориле од идната година да се промени зборот колонија и да биде Центар за уметност, а веќе се зборувало тоа да биде и Балкански центар на уметноста.

За изложбата и делото на уметникот Панде Петровски зборуваше актерката Христина Христовска, а потоа на гостите им се обрати и авторот.

Изложбата на Панде Петровски ја отвори градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Организаторите на колонијата во сите 14 години досега, брачниот пар Драги и Силвана Филевски на градоначалничката и подарија слика од младата битолска сликарка Сандра Котевска.

Мултимедијалниот настан заврши со забава на отворено во дворот на “Магазата“ за која се погрижи ди-џеј Никола Димитровски.

More from КултураMore posts in Култура »