Press "Enter" to skip to content

Денес почнува шестиот “Битола Шекспир фестивал“

Денес со одигрување на претставата на Битолскиот народен театар „Јулие Цезар (Res Publica – Cosa Nostra)“ ќе започне шестиот „Шекспир фестивал“, на кој ќе има а капела Шекспир концерт и 11 театарски претстави кои ќе ги изведата над 500 учесници од Полска, Романија, Казахстан, Италија, Хрватска и Македонија.

На фестивалската програма годинава се и претставите „Ричард Трети“ на театарот „Гавела“ од Загреб. Театарот од Темишвар ќе настапи со „Шекспир сонет 66“, а од Букурешт ќе ја изведе претставата „Хамлет“. Актерите од театарот „Верди“ од Задар ќе настапат со „Отело – незаконита литургија“, а Академскиот руски драмски театар од Казахстан ќе ја изведе претставата „Ромео и Јулија“. Во Битола ќе гостува и познатиот Театар на вечни вредности (Theater of Eternal Values) – интернационален ансамбл позициониран во Италија во кој настапуваат актери од цела Европа и кои на фестивалот ќе ја изведат претставата „Шекспировите жени“ во режија на Ерик Лореб.

Директорот на Битолскиот театар, Иван Јерчиќ за фестивалот вели:

-Посебно сум задоволен од учеството на театрите од нашата држава бидејќи освен Битолскиот театар, со свои претстави ќе настапат и Театарот за деца и младинци со претставата „Сонот на Вилијам“, Албанскиот театар-Скопје ќе ја изведе претставата „Макбет“, а Турскиот театар-Скопје ќе гостува со претставата „Крал Лир“, а за а-капела Шекспир концертот додава:

–Очекуваме атрактивен концерт на хорот од Краков кој ќе биде придружуван од една од најголемите ѕвезди во Полска и Европа, уметникот Станислав Сојка. За време на концертот тој ќе приреди рецитал со сонетите на Шекспир.

Фестивалот ќе биде затворен на 30 јуни од Црногорскиот народен театар од Подгорица кој со многуброен ансамбл ќе ја изведе претставата „Зимска бајка“ во режија на Дино Мустафиќ.

More from КултураMore posts in Култура »