Press "Enter" to skip to content

Битолските љубители на книгата во непосреден разговор со најпродаваниот автор Коста Петров (фото)

Реномираниот автор Коста Петров го привлече вниманието на битолската читателска јавност, а присутните имаат можност напосредно да разговараат и да ги споделат своите доживување на неговите книги „Се гледаме на врвот“, „Стравот“, „Нашето последно кафе“ и „Никој не рече дека ќе биде лесно“ кој се продадени во над 30,000 примероци ширум Македонија.

Големиот интерес нај присутни го потврдува интересот на битолската читателска јавност за читање на ваков вид на литература кој што е одраз на непосредното доживеаното, со лесно читлива форма и книжевен стил.

Настанот е во организација на Националната установа Универзитетска библиотека „Св.климент Охридски“ – Битола и со овој настан Битолската библиотека потврди дека ги следи трендовите и им нуди несекојдневни настани на читателите, а модератор на настанот беше нашиот сограѓанин, Нешат Аземовски.

Коста Петров е основач на “Пи Ворлд“, интернационална креативна агенција со присуство во 35 земји во светот вклучувајќи ги САД, Канада, Јужна Кореја, Швајцарија, Малта, Србија, Хрватска, Египет, Мароко, Катар, Јордан, Оман и Иран.

More from КултураMore posts in Култура »