Мнозинството на советниците во Советот на општина Битола, на денешната последна седница изгласаа одлука за поскапување на водата и таксата за канализација во просек од околу 10 проценти.
Со ново изгласаните цени, водата поскапува за 2,75 денари од метар кубен, кај домаќинствата и наместо досагашните 24,25 денари, водата поскапува на 27 денари по метар кубен
Таксата на канализација која ја наплаќа ЈП “Нискоградба“ покапува за 1,34 денари за домаќинствата и наместо досегашните 10,55 денари сега ќе чини 11,89 денари.
Поскапува и цената на водата и таксата и за претријатијата, односно индустријата. Водата од 45 денари поскапува на 47,80 денари по метар кубен, а таксата за канализација од 15,83 на 17,24 денари.
За поскапувањето на услугите за вода и канализиција, директорите на двете јавни битолски претријатија „Водовод“ и “Нискогардаба“ рекоа одлуката е наследена од минатата власт и дека со добро менаџирање на претријатијата цената наместо 15 се покачина 10 проценти и дека поскапиувањето е на барање на Регулаторната комисија за енергетија и препораките на Европската Унија за заштита на животната средина.
“Водовод“ според директорот Горан Козаров, секој денар од поскапивањето ќе го вложи во подобрување и осовременување на водоводната мрежа, а ќе се посвети и уште поголемо внимание на екологијата, а Методија Силјановски од “Нискоградба“ вели дека по препораките на Европската делегација и усвојувањето на новите тарифи на Регулатарна комисија може да да стартува проектот за пречистителна станица.
Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поскапувањето ќе биде прогресивно, а координаторот на советничката група Иванчо Тошевски рече дека ќе пораснат цените на услугите на јавните претпријатие Водовод и ЈП Нискоградба и дека со оваа одлука граѓаните до крајот на 2020 година ќе имаат вкупно покачување на годишно ниво за 1.800 денари повеќе од она што го плаќаат денес, така што поскапувањето ќе биде прогресивно и до 2020 година ќе биде до 21 процент за “Водовод“, а за “Нискоградба“ до 25 проценти.
И незавосната советничка група “Поинаку“ е против поскапувањето, а Габриела Илиевска додаде зголемувањето на цените ќе се одрази не само врз домаќинствата, туку и врз индустријата.






