Втората вечер на EGNATIA ESCAPE FESTIVAL 2022, започнува во 21 часот во училишниот двор „Трифун Пановски“, во село Дихово, каде ќе настапат “Исмаил Лумановски & Љубојна ft. Панајотис Андреу“, кои најавтентично го пренесуваатпулсот на музичкиот бит.
Програмата ќе ја заврши грамофонџијата, Dj, музички продуцент и писател од Битола, кој слави триесетгодишен јубилеј – B.Boy.
На 14 август (недела), од 12 часот, во етно-објектот „Де Ниро“ во село Цапари ќе се одржи работилница за приготвување и печење леб, додека целосното тридневно “EGNATIA ESCAPE FESTIVAL“ искуство ќе го заокружиме од 20 часот со музиката која ја нуди единствениот “Пијан Славеј“ и ритамот на Bad Juju.