Во рамките на “Битола отворен град“ се одржа работилница за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институции и јавно-цивилно партнерство. На работилницата беше претставен моделот на првата хибридна институција на цивилно-јавно партнерство во земјава меѓу ЈАДРО и Општина Центар од Скопје наречена Културно-социјален простор „Центар-Јадро“. Под менторство на Jadro Association | Јадро Асоцијација | Jadro Asociacioni во Битола започна процес за обединување на иницијативите за обезбедување на простори за потребите на независната културна сцена, граѓанскиот сектор, уметниците и младинските работници и за развивање на модел со свои локални специфики за формирање на културно–општествен центар.

Исто така се одржа и изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ реализиран од Центарот за современи уметности (ЦАЦ), Скопје; и изложба на стрипови на млади неафирмирани автори со наслов „Во Македонија имало стрип автори“ во организација на Стрип центар на Македонија, Велес. Настанот се состоеше од промоција на изданија од едицијата „Лифт“, и едицијата на сликовници „Во пет кај вртелешките!“ од издавачката куќа „Темплум“. Промотори на изданијата беа Никола Гелевски и Владимир Јанчевски. Драмско читање на извадок од текстот „Против демократијата“ на авторот Естев Солер во изведба на Јасмина Билаловиќ (Медиа Артес, Охрид), Игор Трпчески (Театарска работилница, Прилеп), Елена Пренџова и Христина Иваноска (Press to Exit, Скопје). Слем вечер со „Поетри слем Македонија“ во изведба на Елена Пренџова и Игор Трпчески. Проекција на филмот „In Danger and Dire Distress the Middle of the Roads Leads to Death” (60 мин.), на германскиот режисер Alexander Kluge, со превод на англиски јазик, а во селекција на Ѓорѓи Пулевски.

Вчера на Широк Сокак беше поставен Mail-Art – дописна уметничка кореспонденција, кој ја промовира формата на уметност која може да се креира и да се испрати по пошта. Оваа уметност ја практикуваат уметници од цел свет и разменуваат уметнички дела по пошта. На овој начин исклучени се традиционалните форми на изложување и галериските простори. Во Битола беа поставени 60 картички од уметници од 25 земји.


Работилница, изложби на фотографии и Mail-Art на “Битола отворен град“
More from КултураMore posts in Култура »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





