Press "Enter" to skip to content

Прва прес-конференција за 39. фестивал “Браќа Манаки“, “Златна камера 300“ за животно дело за Роџер Дикинс

Денес се одржа првата прес-конференција на која беше најавен фестивалот на филмската камера “Браќа Манаки“ и беа соопштено и името на добитникот на “Златна Камера 300“ за животно дело, а беше и промовиран плакатот за годинашното издание на фестивалот.

Оваа година фестивалот 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе се одржи под слоганот „Симнуваме капа“ (Hats off), и ќе биде од 22. до 29. септември во Битола, а интензивно се прават подготовките, беше соопштено денеска на прес-конференција.

-Добитник на “Златна камера 300“ за животно дело, е британскиот оскаровец Роџер Дикинс, кинематографер на култни филмови како “Бегство од Шошенк“, “Фарго“, “Човекот кој не беше таму“, “Нема земја за стари луѓе“ и други, а е познат и по соработката со браќата Коен, рече уметничкиот директор на “Браќа Манаки“ Благоја Куновски-Доре во присуство на британскиот амбасадор Чарлс Гарет.

Директорката Гена Теодосиевска најави оваа година ќе има голем број содржини и новитети, односно дека се зголемува бројот на фестивалски програми и оваа година ќе бидат 14, меѓу кои и документарната програма, кратките филмови, “Европски филмски перспективи“… која нагласи дека иако има новини со нив се поместуваат границите, а тоа не не значи да се негира досега направеното.

–Во една смисла значи промена, но не и отфрлање на позитивните искуства вклучени со години и градени со децении од оние кои ја почувствувале потребата да се основа и да се организира еден ваков фестивал и да се слави филмот во градот на браќата Манаки – рече Теодисиевска.

Беше промовиран и плакатот за 39. издание на фестивалот, под мотото “Симнуваме капа“ (Hats off), кој го изработи маркетинг-агенцијата “Меккен Скопје“ и е инспирирано од безвременските капи на браќата Манаки и градот во кој живееле и твореле. Капите лебдат врз Завод и Музеј Битола, а пораката е благодарност за нивната работа и за сите што придонеле во градењето на фестивалот во изминатите речиси четири децении.

На пресот зборуваше и претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) Игор Иванов-Изи истакна дека остануваат посветени на „Браќа Манаки“ и дека пред почетокот на 39-тиот ИФФК, ќе го завршат процесот за избор на македонски кандидат за Оскар.

More from КултураMore posts in Култура »