Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдени две починати лица, едно во куќа, друго во месноста “Кисела Вода“

На 31.08.2022 околу 16.00 часот во СВР Битола, К.Н. (68) од Битола пријавил дека во куќата во која живее во Битола го пронашол починат неговиот брат К.Н. (69). Лекар од  Итна медицинска помош Битола констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 31.08.2022 околу 18.00 часот во СВР Битола, Л.З. (59) од  Битола  пријавил дека кај изворот на  место викано „Кисела Вода” во Битола го пронашол починат М.Т. (79) од Битола. Лекар од  Итна медицинска помош Битола констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »