Press "Enter" to skip to content

Синоќа спуштена завесата на шестиот “Шекспир фестивал“ со “Зимската бајка“ (фотогалерија)

Со изведба на претставата „Зимска бајка“ во режија на Дино Мустафиќ на Црногорскиот народен театар од Подгорица беше затворен годинашниот “Шекспир фестивал“ во организација на Битолскиот народен театар пред полна сала публика.

Битолската публика не ја пропуштија да ја гледа оваа претстава одигран со многуброен ансамбл, а во главните улоги беа Зоран Вујовиќ, Жана Гардашевиќ – Булатовиќ, Салавиша Чуровиќ, Срѓан Граховац, Јелена Ненежиќ – Ракочевиќ…

Музиката која беше доста присутна на претставата е во продукција на Вјера Николиќ, а беше посветена на “Битлси“ и “Квин“.

Со одигрување на претставата на 23 јуни 2018 година на Битолскиот народен театар „Јулие Цезар (Res Publica – Cosa Nostra)“ започна шестиот „Шекспир фестивал“, на кој битолските љубители на Шекспир.

Во осумте фестивалски денови публиката проследи а капела Шекспир концерт и 11 театарски претстави кои ги изведоа над 300 учесници од Полска, Романија, Казахстан, Италија, Хрватска и Македонија.

Инаку на програмата на годинешниот „Битола Шекспир фестивач“ беа претставите: „Ричард Трети„ со Театар Гавела – Загреб, „Шекспир сонет 66„ со Унгарски тетара – Темишвар, Романија, „Хамлет„ со Пунктарт од Букурешт, Романија, „Отело – незаконита литургија„ со Театар Верди од Задар, Хрватска.

Потоа „Сонот на Вилијам„ со Театар за деца и младинци – Скопје, „Ромео и Јулија“ Театар Максим Горки од Казакстан, „Макбет“ Албански театар, Скопје, „Шекспировите жени“ Меѓународен театарски ансанбл, Акапела концерт за Шекспир, Крковски пејачи, Полска, „ Крал Лир“ Турски театар, Скопје и „Зимска бајка“ на Црногорско народно позориште од Подгорица, Црна Гора.

Организаторот е посебно задоволен од учеството на театрите од нашата држава бидејќи освен Битолскиот театар, со свои претстави настапија и Театарот за деца и младинци со претставата, Албанскиот театар-Скопје и Турскиот театар-Скопје.

Фестивалот оваа година се реализира благодарение на финансиската поддршка од Министерството за култура со 2 милиони денари и Општина Битола со 1,6 милиони денари, а беше и дел од “Бит фест 2018“.

More from КултураMore posts in Култура »