Press "Enter" to skip to content

Марија Додовска,  9 успешни години “М Евент“, автентичност и оригиналност на идеи… секој настан приказна за себе

Жанета Ристевска

Пред точно 9 години се роди идејата за формирање на оваа агенција за ивент менаџмент која беше прва агенција од овој тип во нашиот град.

-Убаво е кога те следат. Убаво е што  многумина потоа се осмелија да го направат она што јас го направив. Го скршив мразот ха ха, но така е верувајте, можеби звучи нескромно но  горда  сум на тоа, горда што еден сон,  иако во некои микро размери тука во Битола, стана реалност и дека  со тоа поттикнав многумина. Верувам дека постои магија во креирањето на настани, а доколку го правите тоа со посебна љубов, успехот е загарантиран.

Вака започна Марија Додовска за почетоците на “М Евент“ агенција која во 2013 година пред 9 години  беше прва агенција во Битола за професионално  органзирање настани на  креативен и оригиналнен начин за различен повод.  Моментално живее во Прага, но нејзното доаѓање во Битола го искористивме за нашиот разговор со повод  9 успешни години „М Евент“ агенција Битола.

-Животниот пат ме однесе во Чешка па често сум на релација Битола- Прага,  летниот период е по активен со настани и свечености па сум повеќе во Битола, а работните обврски во Прага се трудам да ги координирам он-лајн.Кажете ни повеќе за идејата и почетоците на “М Евент“ агенција ?

-Со задоволство се сеќавам и раскажувам на почетоците на “М Евент“, тогаш “Ин Евент“ пред 9 години, односно процесот на осмислување, припрема, истражување на пазарот траеше многу подолго од официјалниот почеток, но 1 август 2013 година започна со работа канцеларијата. Како прва агенција од овој вид во Битола внимателно го разгледувавме секој детал и секако дека тремата и одговорноста беа присутни но и ризикот бидејќи немавме ниту на кого да се огледаме нити пак со кого да се споредиме.  Уште потешко беше да створиме нови навики кај луѓето. Но самата помисла дека ете постои агенција со која имате целосна организација на еден настан, а вие ќе бидете гостин, наиде на огромно задоволство. Со што  оваа идеја беше поздравена и со воодушевување прифатена кај клиентите  и тие со целосна доверба ни го припуштаа  дури и најмалиот детал во поглед на организација,  украсување , контрола на квалитет…. Тоа беа почетоците, возбуда, трема, пеперутки во стомакот. А морам да ви признаам пепрутките сеуште ги имам. Но, убаво е чувството дека  те следат. Си им била поттик да се охрабрат, да го направат она што јас го направив. Го скршив мразот хаха, но така е верувајте, можеби звучи нескромно но  горда  сум на тоа.Организирање и менаџирање на настан е еден комплексен процес кажете повеќе околу ова ?

-Одамна помина времето на импровизации, гледаме како и на кој начин се организираат  прослави во светот, достапни ни се и онлајн обуки, предавања, следење на трендови… клиентите знаат што сакаат, но секако има и клиенти кои што не се сигурни во изборот па ги прифаќаат нашите совети.  И ние растевме и созревавме заедно со нив. Секој настан без оглед дали се работи за приватен или коорпоративен настан е сам по себе комплексен и бара максимална посветеност.За соработката со клиентите…

-Многу е значајна релацијата и  конекцијата која ја градиме со клиентите бидејќи тие ни дозволиле да бидеме дел од нивните најзначајни моменти во животот. Сум соработувала со многу компании, најскоро што беше е соработката со аптеки “Роса Вита“ по повод нивната 20 годишнина.  Конференции, конвенции, семинари и прослави за “Лајонс“ клубовите, неколку пати сум учествувала и на недела на мали претпријатија како говорник со цел да ја раскажам мојата успешна приказна и да ги охрабрам младите да започнат свој бизнис. Горда сум што еден сон, иако во некои микро размери тука во Битола, стана реалност и дека  со тоа можеби поттикнав многумина.Девет успешни години работа на “Invent EVENT“. Кажете ги вашите искуства во овој сектор на работа ?

-Гледано од денешна  перспектива  можам со големо задоволство да кажам дека овие 9 години беа едно неверојатно и непроценливо искуство за мене. Привилегија е да се работи со клиенти кои ги одбележуваат најзначајните и најсреќните денови од  своите животи со тоа дозволувајќи ни нас да бидеме дел од сето тоа.  Страста која нималку не избледи во сите овие 7 години ја прави мојата работа посебна. Верувам дека постои магија во креирањето на настани, а доколку го правите тоа со посбна љубов тогаш успехот е загарантиран.На почетокот “Invent EVENT“ денес „М Евент“ …

-Брендирање е важен маркетинг концепт, чија главна цел е производот, услугата и компанијата  да бидат препознатливи  на пазарот, да се одвојат од конкуренцијата, да создадат свој визуелен идентитет. Би можеле да  кажеме дека брендирањето е идентитетот , а ребрендирањето е модификација на идентитетот на тој бренд. Значи не може да има ребрендирање доколку претходно немате веќе изградено бренд. Или рестилирање како уште се нарекува.  Тоа е тренд којшто е подолго присутен, еве да земеме од YouTube, Google, Apple, McDonald’s , IKEA… Во пресрет на 9 години М ЕВЕНТ, сметав дека е вистински момент да се освежи идентитетот на компанијата како и да се адаптира на промените што ги диктира пазарот.  Во процесот на ребрендирање вклучивме четириесетина наши лојални клиенти и соработници кои што преку електронска  анкета имаа можност да го дадат своето мислење и оценка за нашите услуги врз основа на нивното искуство, и воедно да гласаат за избор на ново лого.Моментално живеете во Прага, колку е тешко да се координира работата околу организацијата на настани?

-Животниот пат ме однесе во Чешка, но  често сум на релација Битола- Прага. Летниот период е по активен со настани и свечености па сум повеќе во Битола, а работните обврски во Прага се трудам да ги координирам онлајн. Кога зборувам за моите обврски кон “М Евент“ тука не можам а да не го споменам  мојот „dream team“: моите Габи, Ивона и Кате,  кои што се достојна замена во периодот  кога физички не сум присутна во Битола, моите долгогодишни драги соработнички Мирјана и Наташа Миа Балони,  и мојата Биби која го креира новото лого на “М Евент“. Секако  поддршката и помошта од семејството, родителите, брат ми, пријателите, без кои “М Евент“ немаше ни приближно да биде ова што е денес, нити пак јас ќе бев во можност успешно да се справувам со обврските од далечина.  Соработката со колегите ми е особено драга, бидејки со нив најдобро се разбираме на тема евент индустрија, разменуваме мислења, искуства.Идни планови

-Планови, имам мал милион идеи и планови за во иднина,  …се надевам дека нема повеќе да зборуваме и да се грижиме дали ќе има повторно локдаун или забрана за организирање на забави. За десет годишниот јубилеј ќе има голема забава е  тоа со сигурност ви кажувам, да сме здрави и живи. “М Евент“ агенцијата нудат атрактивни и доверливи рашениа, со што специјалниот настан  добива посебно, потребно внимание, автентичност и оригиналност на идеите. Секој настан е приказна за себе, креаиран во  автентичен стил на “М Евент“ агенција. Се разбира Марија Додовска со својот тим заслужни за тоа.За крај

-“Жените се лидери каде и да погледнете од високи позиции во големите компании до домаќинки кои ги одрастуваат и воспитуваат своите деца, кои се  глави во семејството. Нашата држава е изградена од силни жени и ние ќе продолжиме да ги рушиме и да им пркосиме на стереотипите “- Ненси Пелоси.